Заев и негови блиски вмешани во нов голем скандал

Во Струмица на повидок е нов голем скандал, во кој што се вмешани Зоран Заев и негови блиски луѓе, рече денеска Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој скандал повторно, како и до сега, замешани се Зоран Заев, неговиот најблизок бизнис партнер Горан Крстев, неговиот татко Симеон Крстев, Трајче Заев и ред други блиски луѓе на кланот Заеви. Во Струмица на улица Гоце Делчев бр.56/а постои бензиска пумпа. Оваа бензиска пумпа е во функција и работи. Оваа бензиска пумпа е дивоградба, а е градена во последните две години“, рече Стамов.

Оваа бензиска пумпа, како што рече тој,е стопанисувана од фирмата СДА Јавор ДООЕЛ, во сопственост на најблискиот бизнис партнер на Заеви, Горан Крстев. Овој човек е еден од оние кои имаат добивано најмногу тендери во Општина Струмица.

„Зоран Заев издал одобрение за градба на оваа бензиска пумпа, но за ова место не постоел Детален урбанистички план. За оваа бензиска пумпа и за нејзиниот нелегален статус се изјасниле сите надлежни инстанци (Министерство за транспорт и Управен суд), при што е констатирано дека постапувањето на Општина Струмица е незаконско. Иако е така, оваа бензиска пумпа денес работи, а Општина Струмица не превзема никакви мерки“, појасни Стамов.

За да биде иронијата поголема, како што рече тој, денес Заев ги користи сите механизми со кои би успеал сега, односно после изградбата и почетокот со работа на оваа бензиска пумпа да ја легализира.

„Луѓето на Зоран Заев и СДСМ до Советот на Општина Струмица дале предгол за изработка на ДУП за дел од Блок 16, измена и дополнување на дел од блок 15, каде што се наоѓа бензиската станица Бензоил. На овој начин Заев и неговите луѓе мислат дека ќе успеат преку донесување на ДУП да ја направи оваа бензиска легална. Наместо на време да ја спречи изградбата и да постапи според решението на Министерството за транспорт и врски, Зоран Заев на своите бизнис партнери им дозволил да продолжат со изградба и да ја отворат за работа оваа бензиска пумпа. Во целиот скандал се замешани повеќе фирми, како АД Индустријал Струма, во сопственост на фамилијата Јаневи, кои пак се ортаци со братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев во фирмата Пелагонија, повторно една од фирмите кои често добивале тендери во Струмица. Документите од Општина Струмица гласат токму на оваа фирма, но бензиската ја стопанисува сосема друга фирма, онаа која ви ја споменавме СДА Јавор ДООЕЛ“, рече на крајот Стамов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.