Заев и СДСМ ги премолчаа скандалите со доделувања општински пари

Општина Струмица, нејзиниот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев ги премолчеа случаите за скандалозно доделување на пари од општинската каса на здруженија на граѓани и невладини организации основани од на високи партиски функционери на СДСМ во Струмица или пак нивни блиски роднини.

Молчењето на СДСМ и Заев може да се протолкува како знак дека информации што ги објавија медиумите се точни.

programa-500

Во првиот случај беше објавено дека Општина Струмица и Зоран Заев во 2011 година, според „Програмата за поддршка на локалниот економски развој“ префлиле сума од четири милиои денари општински пари на име “трансфер до детски парламент/младински совет“. Ова здружението на граѓани “Младински Совет“,е формирано од страна на градоначалникот Зоран Заев. Тоа значи дека Зоран Заев си префрлал пари од општината на сметка на своето здружение.

novus-500

Во вториот случај во Општина Струмица, таткото Тони Милушев, раководител на сектор во општината префрлил120.000 денари,  средства од општината на здружението Новус основано од својот син.

novus1-500

Ова Здружение е основано јануари 2013 година, непосредно пред да биде објавен овој конкурс. Ова според познавачите е класичен пример за непотизам.

unnamed-500

Во третиот случај, буџетски средства добило здружението Евро-Визија Струмица,  каде овластено лице е Ацо Манински, личен асистент на пратениците од СДСМ, Цветанка Иванова и Панче Орцев.

Evrovizija

 

 

 

Во четвртиот случај, Петар Божинов, актуелен советник во општина Струмица од СДСМ преку неговата невладина органзиација “Културно забавен Живот“  во 2012 година добил 2,5 милиони денари, пари на граѓаните од општина Струмица за организирање на фестивал.

open-500

Ваквите скандалозни случаи покажуваат дека во струмица постои разработен систем за излевање на огромни средства од буџетот на Струмица во здруженија на граѓани каде како раководители, овластени лица или сопственици се јавуваат блиски луѓе на СДСМ, на чело со Зоран Заев.

Општина Струмица во последнава година ја тресат голем број на скандали во кои директно е вмешан Зоран Заев. Пред неколку месеци медиумите пишуваа за слична ваква мрежа на семејни фирми на Заеви со кои се испумпувале пари на народот преку јавни набавки, а денес се гледа дека идентичен систем бил искористен и за финансирање на здруженија на граѓани блиски до СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.