Заев и СДСМ му го направија ќеифот на Геровски

Одлуката на најголемата опозициска партија да остане на ставот за вонпарламентарно десствување кое синоќа беше потврдено на седницата на Централниот одбор секако е по ќефот на новинарот Бранко Героски и првиот човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, чии совети за вонинституцинално дејствување беа послушани од Зоран Заев.

СДСМ по седницата на Централниот одбор соопшти дека во сите дискусии во текот на синоќешната дебата на Централниот одбор била потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ.

info-gero

Ваквата одлука на Зоран Заев денеска ја ликува уредникот на „Плусинфо“ и „Слободен Печат“ Бранко Героски, кој воедно беше и зачетник на идејата за вонинституционално дејствување и непризнавање на изборните резултати. Героски во својата колумна пишува дека ваквата одлука на СДСМ била паметна и поинаку не можело да биде.

-Според моите очекувања, Централниот одбор на СДСМ донесе разумна одлука воопшто да не расправа за евентуално враќање на избраните пратеници во парламентот, туку да ја дизајнира стратегијата за вонпарламентарно дејствување. Поинаку и не може да биде. Одлуката да се бојкотира парламентот е потврдена на конгрес, та оттаму, само на конгрес може да се промени, пишува Героски.

Медиумската перјаница на СДСМ додава дека партискиот врв не наседнал на спиновите во провладините медиуми, но и на некои луѓе кои настапувале во медиуми што се самопрогласуваат за „опозициски“ и на социјалните мрежи.

Советите на Бранко Героски и парите и влијанието на соросовата фондација на Владимир Милчин во земјава за СДСМ и Зоран Заев очигледно се поважни од интересите на Македонија. Екпертите многу пати досега предупредуваа дека вонпарламентарното дејствување ќе и нанесе штета на земјава во евроинтегративниот пат и единствено ќе и биде од полза на Грција во обидот да ги одбрани своите аргументи за блокадата која ја врши.

Аналитичарите се согласни дека одлуката на раководството на СДСМ слепо да ги послуша советите на Героски и Милчин за вонинституцинално дејствување покрај на опозицијата ќе и’ нанесат штета и на самата држава.

Вонинстутционалното дејсвтвување за кое се одлучи Заев, а кое не исклучува и улична демократија беше заговарано уште по поразот во првиот круг од претседателските избори. Знаменосци на ваквата теза дека СДСМ треба да се откаже од демократска трка по гласови и преку бојкот и улична демократија да стигне до власта беа токму Героски и Милчин, кои сега ликуваат на последната одлука на Заев, кој одлучи слепо да ги послуша.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.