Македонија,Политика

Заев и Шекеринска го избркаа Мицковски од „Окно“

Откaко во неколку наврати жестоко го нападна раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска преку колумни објавени на Окно.мк нарекувајќи ги криминалци, колумнистот Ивор Мицковски повеќе не е дел од овој портал, бидејќи му било соопштено дека неговата соработка со Окно завршува овој месец, пишува информативниот портал „Курир“.

Пред неколку дена ми беше соопштена лошата вест дека мојата соработка со „Окно“ завршува овој месец. Јас мислам дека завршува од овој момент, па така, од оваа недела престанувам да објавувам колумни. Разделбата е лесна, кога соработката станува тешка за двете страни. Или, кога соработката не изразува споделување на исти вредности, концепти, погледи, пишува Мицковски во пост на својот Фејсбук профил.

Заминувањето на Мицковски од „Окно“ доаѓа откако колумнистот жестоко го нападна двоецот Заев и Шекеринска, пишувајќи дека лидерот на СДСМ и дел од олигархија, а неговата заменичка “сноб кој пере пари преку кирии“.

„Зарем, Заев кој е само политички лост на милионерскиот струмички клан од Муртино, кој живее и опстојува благодарение на непотизам и тендери, кој нема три чисти со национална политика, ќе ја спаси Македонија од Груевски?! Или Шекеринска, снобот кој пере пари преку кирии, метеората која од политичар со европска димензија, се потврди како најголем уништувач и сплеткар на СДСМ, денес, само е рурална марионетка на Заев?! И толку е од СДСМ“, напиша Мицковски во последната колумна на 15-ти мај, а само пет дена потоа објави дека му било соопштено дека соработката со Окно завршува.

Отпуштаењето на Мицковски од порталот платформа на Фондацијата Метаморфозис, фондација-ќерка на Сорос Македонија, на дело ја прикажува демократијата на СДСМ и како раководството на најголемата опозициска партија се однесува со неистомислениците кои до вчера жестоко ги бранеа политиките на СДСМ.

Мицковски вели дека се чувствува разочаран од хипокризијата, цинизмот и превртливоста на многу самопрокламирани демократи и борци за слобода.

„Иако сум релативно млад, се чувствувам заморен од сопките на кои наидувам на секој чекор. Жалам што ова се случува во момент кога еден од најголемите критичари на власта, стана и еден од најголемите критичари на опозицијата. Се чувствувам разочаран од хипокризијата, цинизмот и превртливоста на многу самопрокламирани демократи и борци за слобода“, смета Мицковски.

Тој заклучува дека Окното сега е нешто поплитко, а заложбите за демократија и слобода на изразување се уште поизвалкани.