Заев им се закани на бизнисмените

Зоран Заев вчера вечер „на тапет“ ја стави и целата македонска економија, објави „Курир“.

-Не е лесно да си девет години во опозиција, на телефон не се јавуваат не пак некој да помогне финансиски, додаде Заев, кој посочувајќи дека самиот ја финансирал целата партија до сега, упати уценувачко-заканувачка порака до бизнис заедницата дека „веќе не му требаат“.

-ЦеДе, флаери, чинат пари, можеби не многу за една партија голема како СДСМ, ама чини. Месечните трошоци за одржување на оваа голема партија се огромни. Ова не прави прилично растеретени од бизнисмените. Една и пол година сум сам. Бизнисмените од Македонија. Значи, сам сум. Што значи- сите. Фала им, сега веќе не ми требаат- додаде Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.