Заев избега од одговори

Новинарите и јавноста останаа без одговори за клучни прашања. Од што и зошто се уплаши Заев и што крие? Дали Заев ветил нешто спротивно на интересите на државата па затоа се уплаши да дава изјави?!

Како што јави дописникот на Нетпрес од Брисел, најгласните поборници за слобода на говорот и на медиумите Заев и Шекеринска, денеска во Брисел не сакаа да дадат изјава за постојаните дописници на македонските медиуми во европската престолнина со образложение дека не сакаат да ризикуваат и да одговараат на прашања.

Ваквото однесување на Заев ги става под знак прашашалник заложбите на опозицијата за почитување на новинарите. Токму лидерот на СДСМ заедно со Шеќеринска беше еден од најзагрижените за т.н. исфрлање на новинарите од собраниската галерија на 24 декември пред минатата година.

Во СДСМ беа подготвени и да ја стават во залог македонската интеграција доколку во Извештајот за 24 декември не се вметне оваа точка. Денешното однесување на Заев и Шеќеринска е голема навреда за македонските новинари чија задача беше да ги пренесат информациите по средбата со Филе, се коментира во новинарските кругови.

Дали Заев ги избегна новинарите за да не мора да одговара на нивните прашања и да може преку патискиот снимател да ја испрати изјавата која денеска треба да ја емитуваат македонските телевизии останува непознато. Доколку е така, ова нема да му биде прв пат на Заев да бега од новинарски прашања. Во неколку наврати лидерот на СДСМ држеше т.н. „тематска прес конференција“ по која на новинарите не им беа дозволени прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.