9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Заев излажа дека нема да поддржи промена на устав

Во овој момент имаме егзибионистички процес на преговори. Така почнаа, така се тера, ќе видиме како ќе заврши. Гледаме дека не оди на арно работава.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев.

Мицкоски го праша Заев каде им е патриотската жица од гитарата за која премиерот говореше.

-Ќе го потсетам господинот Заев и на жицата од гитарата и на жицата за алиштата. Онаа македонска жица кога „изгубен по времето, ќе талка по семето„ иако до ден денес не знам што сакаше да каже со тој стих господинот Заев. Но, еве ќе го потсетам и на интервјуто кое го даде во февруари за германски Шпигел каде рече дека „Не треба решението да се бара во промена на уставот“, му посочи тој.

Заев посочи дека прашањето за името е отворено 25 години и треба да се реши бидејќи од тоа зависи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Ако некои претходни влади го решеа тоа прашање сега ќе зборевме за друго, но Македонија нема друга алтернатива и треба да најдеме достоинствено решение. Предлогот Илинденска Македонија го сочувува и го унапредува идентитеот, не е проблематично. А, при тоа македонскиот  јазик е потврден. За вакви прашања треба да се градат заеднички ставови. Лесно е да се биде против, но треба да се каже што ако не се реши ова прашање, рече Заев, кој додаде дека сме добиле потврда од Грција дека идентитетот ни е македонски, јазикот ни е македонски…

Мицкоски реплицираше дека граѓаните очекуваат полиитики за подобар живот, не капитулација и тоа да му се продава на народот како епохален напредок.

Колку реализиравте од програмата? Донесовте ли живот? Јавно кажавте дека нема да преговарате за промена на уставното име, посочи Мицкоски, кој уште еднаш го потврди ставот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.