Заев: Излезот се регуларни избори

Заев: Излезот се регуларни избори
Заев: Излезот се регуларни избори

Вчера е направен државен удар од страна на Ѓорге Иванов врз Република Македонија, согласно тоа урнисан е и Договорот од Пржино. Повикавме на протести, повикавме на улици, повикавме на обединување на сите граѓани, да се спаси Република Македонија. Денеска, ги повторувам овие пораки, и праќам порака до сите граѓани, да се приклучат на сите протести коишто во моментот се организирани на повик на граѓанските организации, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во меѓусебна координација и комуникација сме со претставнците на меѓународната заедница, паралелно заедно со другите политички партии во Република Македонија, за да покажеме прво трезвеност, посветеност и внимателност кон целиот овој процес. Но, една е целта. Ова е режим, овој режим со сите наредни чекори се подлабоко влегува во кашата којашто ја замати и од тоа и тие самите се свесни дека излегување е можно само, потенцирам по пат на регуларни, фер и демократски избори. Согласно тоа оваа примарна цел Република Македонија, сите политичари, сите партипициенти и одлучувачи во државата, мора да имаат како приоритет, искрено и чесно поставени кон процесот за да ја постигнеме. Преку предвремени, регуларни, демократски и фер избори да го направиме првиот чекор кон нормализација на државата“, посочи тој на денешната прес-конференција.