Заев ја поддржа одлука на Османи за отсуство на конференцијата за Западен Балкан поради Косово

Премиерот Зоран Заев во саботата го правдаше својот вицепремеир за европски прашања Бујар Османи, и не мисли дека е погрешно што своеволно одлучил, без да го консултира, да не ја претставува Република Македонија на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука, бидејќи Косово не било покането.

Според Заев ваквиот потег бил знак на солидарност на Македонија. Но немаше коментар за тоа што неговиот заменик донел ваква одлука без тој да даде согласност, иако станува збор за важна конференција за региониот, како и поради тоа што е донесена во очигледна консултација со Албанија.

„И Црна Гора да не беше поканета, ние би требало да сме солидарни, сепак регионалната стабилност зависи од сите шест земји на Западен Балкан. Не знам зошто Косово не е покането, веројатно затоа што Босна го нема признаено“, рече Заев.

На прашање на Алфа, Османи денеска се правдаше дека не постапил спротивно на државните интереси. Не одлучил да не оди од позиција на Албанец, туку како европеец.