Заев ја презентираше новата владина програма

Мандатарот Зоран Заев во денешното обраќање пред Парламентот најави дека ќе предводи реформска влада преку која ќе има живот за сите во Македонија. Според него, владата ќе се фокусира на три клучни темели -економија и живот за сите, силни професионални институции и правда за сите, како и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО и перспектива за сите.

Тој посочи дека новата Влада ќе ја врати евтината струја, ќе ја укине Рафиодифузната такса, бесплатно болничко лекување, ќе ги намали судските, адвокатските и извршителските трошоци, комуналиите за изградба на куќа, отворање фирма со едно евро, студентска платежна картичка за млади, гасификација, ќе ги покачи платите на специјалистите до 100.000 денари, како и платите на наставниците, ќе го укинеме екстерното тестирање..

Како што најави, Македонија ќе биде држава на сите граѓани.

– Ќе ја развиваме Македонија во Европската унија и НАТО. Наша цел е почеток на преговори со ЕУ во најкраток можен рок, како и членство во НАТО. Минималната плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари. Наша цел е до 30.000 денари просечена нето плата. Новата влада ќе води политики на нанвремено плаќање кон претпријатијата. Паралелно ќе работиме на враќање на парите кај граѓаните и намалување на трошоците за живот – додава Заев.