Заев ја призна веродостојноста на видеото, струмичани ќе бараат негова оставка

Со видео снимката како бара мито од 200 илјади евра опозицискиот лидер Зоран Заев е фатен жив. Граѓаните на социјалните мрежи се организираат за да побараат оставка од градоначалникот на Струмица. Порталот strumicadenes.mk повикувајќи се на сопствени сознанија објави дека граѓаните во 18:30 ќе го изразат својот револт од постапките на лидерот на опозицијата.

Видео снимката која вчера се појави на Јутјуб е непобитен доказ како Заев бара мито, 100 илјади евра за себе- кои на уценуваниот бизнисмен му вика да бидат уплатени кај неговиот брат Вице Заев, а за втората половина порачува да се дадат како донација.

Познавачите коментираат дека влера Заев во одговорот за овој најнов скандал потврдил две работи- прво ја потврдил веродостојноста на снимката и дека истата се случила и второ призна дека барал поткуп, но дека тоа се пари за црквата што исто така е поткуп и практично со ова го признава делото.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Зоран Заев е фатен жив. Цела македонска јавност вчера имаше можност да погледне едно видео објавено на youtube на кое јасно се гледа како Градоначалникот на Струмица, палејки цигара, директно, ладнокрвно и без задршка бара 200 000 евра мито за работа која по закон мора да ја заврши.

-На видеото кое можевме да го видиме на youtube, Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, бара 100 000 евра за него, преку брат му Вице Заев и 100 000 евра “за црквата”, за  што некој може да претпостави дека е и шифра која се користи за да се побараат пари за неговата партија СДСМ.   200 000 евра побарани за мито видено директно од сите граѓани.  Зоран Заев вчера ја призна автентичноста и призна дека овој настан се случил што дава сериозна основа за понатамошните постапки кои треба да си ги превземат  надлежните судски органи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара од истражните и судски органи да се посветат максимално, во транспарентна и законска постапка, да го расчистат овој случај.

-Бараме надлежните истражни органи покрај овој еклатантен пример, да ги испита и сите други случаи кои се споменати во видеото. Бараме да се разгледаат купопродажбите, легализациите, урбанистичките планови за секое земјиште што се споменува во ова видео, без исклучок. Очигледно е дека Зоран Заев вака работел, државните органи мораат да го проверат тоа, побара од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија побара од Заев да си поднесе оставка од Претседател на СДСМ бидејќи од таа функција, очигледно, има можност да се заканува и да уценува сведоци, адвокати, обвинители и судии.

-Бараме да си поднесе оставка од функцијата Градоначалник на Струмица за да не крие документи и докази и да не може да влијае на истрагата и на судскиот процес особено имајќи ги во предвид сите аспекти од документационо и архивско работење на Општината. Дополнително, тој веќе нема кредибилитет да ја води Општината во моменти кога сите граѓани знаат дека нивниот градоначалник барал мито директно за себе, наместо да обезбеди повеќе пари за општината. Зоран Заев повеќе нема кредибилитет да биде во политика, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Итно да се свика седница на Советот на Општина Струмица

Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара итно да се свика вонредна седница на Советот на општина Струмица.

– Почитувани медиуми, почитувани граѓани на општина Струмица, согласно деловникот за работа на Советот на општина Струмица, ние како советничка група на коалицијата За подобра Македонија  денес поднесовме барање до градоначалникот и Советот на општина Струмица за итно одржување на вонредна седница. Ова барање го поднесуваме по повод новонастанатата ситуација во општина Струмица и како одговор на реакцијата на многу граѓани, кои секојдневно се јавуваат и реагираат за поставување на нивните прашања кои ги интересираат за работата на општина Струмица итн. Мислам дека Општината ќе одговори позитивно на ова наше барање и во најкраток временски рок апелирам да не повика да се одржи седницата, изјави Зоран Пакетов, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Протест во Струмица за оставка на Заев

Граѓаните на социјалните мрежи се организираат за да побараат оставка од градоначалникот на Струмица. Порталот strumicadenes.mk повикувајќи се на сопствени сознанија објави дека граѓаните во 18:30 ќе го изразат својот револт од постапките на лидерот на опозицијата.

marsh_strumicaa

– Граѓаните денес знаат дека целата држава е заложник на Зоран Заев, целата штета на економијата, инвестициите, бројот на странските туристи е заради него. Целата дестабилизација на државата е само со една цел, да се спаси од овие видливи и јасни прекршувања на законите од негова страна. Зар е возможно тоа господине Заев? Нели вие тврдевте дека таква работа е невозможна кога станува збор за аудио материјали, па од каде сега тоа можело за видео материјали? Видео материјалот може да го видат сите граѓани и нивниот суд ќе е јасен. Ова е барање мито… После ова видео, Заев повеќе нема кредибилитет да се занимава со политика. Денес, сосема одговорно, заради тоа што има две многу значајни политички функции од кои може да влијае на постапката, да се заканува врз сведоци, обвинители и судии за некое идно време, да прикрива документи и докази, од него бараме да си поднесе оставка од функцијата Претседател на СДСМ и од функцијата Градоначалник на Струмица. Така ќе овозможи истрагата и сите постапки да бидат објективни и транспарентни и без никакво политичко влијание“ – рече вчера на прес конференцијата членот на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.