Заев jа промовира Македонија како земја со евтина работна сила

Премиерот Зоран Заев на Би-Би-Си ја рекламира Република Македонија како земја на евтина работна сила. Иако додека беше во опозиција тоа го критикуваше и им ветуваше на граѓаните дека државава никогаш повеќе нема да се рекламира како држава со евтина работна сила, сега го прави спротивното, пишува „Курир“.

Имено тој во емисијата Бизнис дејли на Би-Би-Си зборувајќи за бизнис климата во Република Македонија зборува дека државата има многу добри инженери и ИТ техничари, а трошоците за нивно вработување се најниски во Европа.

– Трошоците за вработување на инженерите во Македонија се пониски од остатокот од Европа. Затоа што трошоците за живот се пониски отколку на пример во Велика Британија, вели Заев за Би-Би-Си.

Заев, додека беше опозиција секојдневно им ветуваше на граѓаните дека во земјата нема да се носат инвеститори заради евтина работна сила и дека знаењето ќе биде вреднувано, а со истите зборови се служеше и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој најавуваше дека на фирмите кои доаѓаат заради евтината работна рака ќе им речат да не доаѓаат. Но, сега гледаме токму од првиот човек на владата, премиерот Заев како се обидува да привлече инвестиции заради евтината работна рака, пишува „Курир“