Заев ја срами Македонија, Илинденското востание е за слобода, не за социјални права

Од партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев реагираат за последната изјава на премиерот, Зоран Заев, во врска со Илинденското востани. Од таму велат дека Заев го свел востанието на борба за социјални права, наместо на борба за слобода.

Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава да ја срами Македонија и македонскиот народ.

Според Бачев, вчерашниот изјава на Заев по т.н. лидерска средба дека Илинденското востание било за социјални права, ја потресе македонската јавност. Со оваа срамна изјава Заев се обидува да го урне националниот карактер на Илинденското востание и борбата на илинденците во Османлиската држава да ја сведе на борба за социјални права, како на пример, за пензии, минимална плата, социјална помош, здравствено осигурување, за поголема цена на афионот, тутунот и слично.

Единствена Македонија и македонскиот народ нема да му дозволат на Зоран Заев да го доведе во прашање националниот карактер на Илинденското востание и никогаш нема да ја заборават жртвата на славните Илинденци, на храбрите Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на Македонија. Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане. Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат, велат од „Единствена Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.