Заев и СДСМ упорно ја туркаат Македонија во агонија – бегаат од избори

Опозицискиот лидер Зоран Заев бара одложување на изборите кои треба да се одржат на 24-ти април, што практично значи продолжување на агонија и продолжување на неговото деструктивно сценарио со кое ја држи целата земја во заложништво, брифираат извори од преговорите, објавува порталот „Курир“.

По шестчасовни интензивни преговори на лидерската четворка во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Пржино, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан, нема никакво навестување каков би можел да биде исходот од состанокот.

Повикувајќи се на сопствени извори „Курир“ објавува дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши од народот и бега од соочување со неговата волја.

Заев е целосно изолиран во таквите негови нерационални барања и сите се обидуваат во тешка атмосфера да го убедат да биде рационален и да ги стави државните интереси пред личните и партиските.

Заев отишол дотаму што…