„Курир“: Кризата создадена од Заев ја втурна државата во ранг листата на меѓународно кризни земји

Кризата создадена и наметната од опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев ја втурна Македонија во ранг листата на меѓународно кризни земји, пишува порталот „Курир“.

Порталот нагласува дека Меѓународната кризна група (ИЦГ) на својата најнова листа ја стави Македонија во групата на земји каде состојбата се влошува.

Аналитичарите, но и владејачката ВМРО-ДПМНЕ многу пати досега излегоа со став дека СДСМ и Зоран Заев се директни виновници на кризата во која што се наоѓа Република Македонија. Личниот интерес, а не интересот интересот на државата и на граѓаните кои сакаат крај на оваа долга политичка криза резултира со вакви извештаи и ставање на Македонија на листата на меѓународно кризни земји, пишува порталот.

Инаку во вчерашниот најнов список на кризни жаришта на Меѓународната кризна група, поради деструктивноста и вештачки наметнатата криза создадена од страна на Заев и СДСМ, Македонија е во друштво со Авганистан, Бангладеш, Гамбија, Ирак, Нагорно-Карабах (Азербејџан), Република Конго и Сирија, земји кои постојано се на раб на некаков конфликт.