Македонија

Заев јавно jа прифаќа можноста дека странска служба прислушувала

Заев јавно jа прифаќа можноста дека странска служба прислушувала

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев соочен со цврстите докази, почна да дава признанија во јавноста, објавува Курир. Во најновата изјава тој прифаќа дека материјалите кои ги поседува можно е да биле од странски служби.

„Јас не можам да коментирам дали и зошто евентуалните материјали на Верушевски биле на англиски јазик“, рече Заев за Дојче Веле.

Опозицискиот лидер веќе призна многу работи- веродостојноста на писмата кои ги пишувале, автентичноста на кодираните пораки кои Верушевски си ги испратиле меѓу себе, но сега вели дека не знае зошто тие се на англиски јазик. На јавноста, работите и се кристално јасни дека странскиот јазик на кој биле пишувани материјалите, е доказ дека овие материјали им биле потребни на странци.

Прво самиот обелодени дека материјалите му се од странски служби, а потоа се негираше самиот себе, па тврдеше дека со странски центри нема соработувано, туку материјалите ги добил од поединци од Македонија. Но, откако неговото погубно сценарио тотално се разобличи, Заев повторно мораше да ги спомне странските служби.

Понатаму во интервјуто за Дојче Веле, Заев вели: „Ако постоела странска служба, власта тоа требаше веднаш да го објави и да упати демарш до амбасадорот. Тоа е така секаде во светот“.

Заев сега ретерира и ja прифаќа можноста дека странска служба може да стои зад сево ова. Соочен е и со две признанија и цврсти докази кои ја обелоденија неговата крајна цел, па Заев со срамни одговори се дозаплетка себеси на очиглед на целата македонска јавност.

Опозицискиот лидер кој доживеа дебакл со неуспешните бомби, мораше да потврди дека постојат такви писма и дека истите се на англиски јазик. Зоран Заев прифаќа дека е можно странски служби да стојат зад целата оваа приказна. Неговата соработка со странски разузнавачки центри, е она што најмногу беше осудено од јавноста изминатиов период.