Заев јавно призна дека неговиот братучед стана сопственик на четвртина од „Герас Цунев“ за само 20.000 евра

Со жалење можеме да констатираме дека болната транзиција од пред 25 години кога 200.000 граѓани на Република Македонија останаа на улица, а фирмите ги купија олигарси за буквално без пари, повторно ја зафаќа нашата држава, рече на денешната прес-конференција Александар Тргачевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев јавно призна дека фирмата на неговиот братучед Трајче Заев стана сопственик на една четвртина од гигантот ‘Герас Цунев’, за верувале или не сума од само 20.000 евра. Зоран Заев не сака да ја каже вистината, не сака да каже како е возможно по цена на една мала гарсониера, да станеш сопственик на четвртина од имотот на стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Герас Цунев“, фирма κоја поседува индустриски погони и деловни простории во вкупна површина од 7.396 м2“, рече Тргачевски.

Додаде дека додека Зоран Заев беше градоначалник на Струмица, според нивните зборови бизнисите на фамилијата Заеви вределе само околу 6 до 7 милиони евра, па сега отворено се прашуваме колкав имот ќе имаат Заеви во време кога Зоран Заев е премиер?

„Ширењето на семејните бизниси веќе започна. Прва на листата за купување очигледно беше фабриката ‘Герас Цунев’, а никој не знае уште на колку фирми им се намерачиле да ги купат по багателни цени, а вработените да ги остават на улица. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше, а и денес предупредува, дека со доаѓањето на Зоран Заев и СДС во Владата на Република Македонија, сомнителните трансакции и дилови ќе ни станат секојдневие а фамилиите на Заев и другарите ќе стануваат се поголеми олигарси“, потенцираше Тргачевски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека граѓаните на Република Македнонија можат и мораат да му застанат на патот на ова лудило на СДС.

„Граѓаните на локалните избори ќе кажат „не“ за ова брутално разграбување и уништување на македонската економија и брутално богатење на струмичките кланови. Катастрофалниот пораз на СДС на претстојните локални избори ќе биде вовед во нови парламентарни избори кога целосно ќе биде поразена оваа погубна и штетна политика на Заев. На Република Македонија не и треба нова транзиција“, истакна Тргачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.