Заев ќе ги спречува референдумите за имигрантите преку ДИК со брутално кршење на законите

СДСМ во 2004 година велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор, а потоа следеше катастрофална територијална децентрализација со која многу општини беа прекорени по етнички клуч. Сега СДСМ, референдумите во општините за населување на мигранти ќе ги рушат преку Државната изборна комисија, односно ќе сакаат да спречат изјаснување на граѓаните по ова прашање- дали се „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина.

 ДИК има налог од новата власт предводена од Заев и СДСМ да донесе одлука дека не смее да има референдуми. Членовите на ДИК ризикуваат кривична одговорност.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Постои законска обврска, референдумите да се закажат во рок од 40 дена што се совпаѓа со првиот круг од локалните избори. На овој начин, дополнително ќе се заштеди, бидејќи и референдумите и локалните избори ќе бидат на ист трошок.

И од иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, велеа дека е добро референдумите да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои граѓаните бараа референдум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.