6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Заев: Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“

Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев од отвореното студио на 1тв во Охрид.

Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезеност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат како сакаат.

„Пред лидерите на политичките партии реков, ако сме за ЕУ и НАТО, ајде нашите партиски определби да ги ставиме на страна или во втор план, а државата да биде на прво место“, истакна Заев, откако претходно потврди дека на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ѝ поунудил да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот, но опозициката партија одбила, останувајќи на барањето за аменстија.

Всушност станува збор за уште еден обид оркестриран од страна на владејачката партија, референдумот за прифаќањето на договорот со Грција да го добие неопходниот цензус. Самиот Заев порача своевремено дека и ако има еден глас помалку од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори од 11-ти декември 2016 година, ќе се повлече од политиката. Коалиција предводена од СДСМ, и опокрај сета негативна кампања, тогаш остана „покуса“ за два пратенички мандата, но Заев не си додржа на зборот и со постизборното прифаќање на ткн Тиранска платформа успеа да состави кревко владејачко мнозинство.

Очигледно на 30-ти септември, на референдумот со кој треба да се прифати договорот со Грција за промена на уставното име на земјата, тешко е да се поверува дека ќе може да се повтори нженерингот од последните парламентарни и локални избори. Токму затоа, последните денови сме сведоци на обидите на власта граѓаните да бидат обесхрабрени дека со својата одлука дали воопшто да излезат на гласачките места и всушност да го постигнат цензусот потребен за плебисцитот може да влијаат врз решението, а што, пак, на Владата би ѝ дало оправдување дека ја има поддршката од гласачите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.