Заев ќе се откаже од референдум, спорот со името ќе се реши исто како договорот со Бугарија

Пратеникот од ДУИ, Реџаил Исмаили во емисијата „200“ којашто ќе се емитува подоцна во вторникот вечерта најави дека премиерот Зоран Заев ќе се откаже од евентуален референдум за името и дека прашањето ќе биде решено како меѓународен договор исто како со Бугарија.

„Да го ратификуваме договорот на начин како со Бугарија и да го решиме проблемот без да оставаме простор. Ако оставиме простор на референдуми, прашањето не може да се реши, ова би било најдоброто решение“, вели Исмаили.

На прашањето, дали може да се случи нов момент во кој премиерот Заев ќе се откаже од референдумот како идеја, Исмаили одговори дека според него последниот апел од ЕУ беше во оваа насока.

„Јас верувам дека последниот апел од Европската унија е во оваа насока“, додава Исмаили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.