Заев ќе штеди со октоподи и морски плодови

Новата Влада иако најави дека ќе штеди, сега објавува оглас за набавка на риби, откоподи и морски плодови, пишува порталот Курир.мк.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за набавка на свежа риба, замрзната риба и октопод и морски плодови.

Инаку, според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 400.000 денари.

Заев, инаку, во петокот преставувајќи го предлогот за Ребаланс на Буџетот, рече дека предвидел скусување на буџетот предвиден за премиерскиот кабинет, кој, како што рече, сите досегашни премиери наводно само го зголемувале.

Притоа направи споредба дека во досегашната практика ниту еден ребаланс на буџетот не посегнувал по кратење на премиерскиот буџет, и оти наводно сиве изминати години на сите претходните премиери од година во година само растел.

„Овој ребаланс, што го ставаме на усвојување пред пратениците во Собранието, потврдува дека оваа Влада со своето домаќинско работење покажува конкретна грижа и поддршка за граѓаните на нашата земја, за подобрување на животниот стандард, како и за поддршката за малите и средни претпријатија“, додаде во петокот премеирот Заев кој очигледно не може да се откаже од навиката да консумира морска храна во текот на честите посети на својата вила во Грција.