Заев: Ќе ги избркаме од работа и тоа треба да го знаат (ВИДЕО)

Зоран Заев сака да се заборави и избрише од колективната меморија на граѓаните дека токму тој изјавуваше дека ако СДСМ дојде на власт лично тој  ќе јаде живи луѓен и дека ќе ги брќа луѓето од работа од хигиеничар до министер и на нивно место ќе вработува луѓе за кои ќе добие насока и одлука од кадровската комисија на СДСМ, реагират од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Зоран Заев.

Наспроти денешните тврдења, кон крајот на 2010 година, Заев на трибина во Валандово беше снимен во партиско-канибалистички напад. Најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ. Ќе имало масовни отпуштања во државна администрација, а ќе јаделе живи луѓе кога ќе дојдат на власт.

– Да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме. Ќе ги избркаме од работа и тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, ќе да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече Заев.

За партискиот реваншизам кој го практикуваше СДСМ најдобро говорат и примерите на бркање од работа на над 1 100 работници од ЕСМ, над 800 работници од ПУИГ, стотици избркани од работа од полицијата, Македонски Шуми, јавните здравствени установи и другите државни инстиуции , лица кои преку ноќ во 2002 година останаа без работа, само затоа што не беа вработени од партиската кадровска комисија на СДСМ, пишува „Курир“.