Заев со контрадикторни изјави сака да разгори меѓуетнчки тензии и да се спаси од лош изборeн резултат

Откако пред само неколку седмици недвосмилено и јасно изјави дека ќе го промени и Уставот за да се регулира двојазичноста во земјава, лидерот на опозициската СДСМ уште на вториот ден од предизборната кампања со контрадикторни ставови.

При гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, опозицискиот лидер изјави дека не ја исклучува можноста за промена на Уставот за да ги исполни барањата на Албанците за двојазичност.

Јас верувам дека употребата на јазикот може да биде наша предност, а не слабост. Јас од Струмица, каде што имам 94 отсто Македонци, 5 отсто Турци и 1 отсто други етнички заедници не губам ништо, што моите граѓани Албанци граѓани ќе си го употребуваат својот јазик“, рече Заев во интервјуто.

На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тоа да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува дека ќе се случи тоа.

„Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи“ посочи тогаш Заев, а пред само неколку дена пред граѓаните на Аеродром го тврдеше спротивното.

Федерализацијата е само во главата на квазинационалистите и патриоти, затоа Македонија ќе биде ништо друго освен едно општество за сите. Нема да дозволам никој да го смени Уставот на Република Македонија, порача Заев од говорницата во скопски Аеродром.

Ова, како што коментираат политичките аналитичари, не е првпат опозицискиот лидер да ги менува свите ставови и да дава контрадикторни изјави. Според нив целта на таквите контрадикторни изјави е разгорување на меѓуетничките поделби и продолжување на дестабилизацијата на државата поради лошите изборни резултати кои го очекуваат.

Предлозите за кантонизација, односно федерализација на Република Македонија што започнаа како барање за двојазичност не се нови, тие се многу постари од времето кога најпрво Фрчковски во Тирана, а потоа и во Скопје зборуваше дека треба да има ротирачки премиер Албанец, а сите се сеќаваат и на колумната на Героски „Зошто да не разговараме за федерализација“, станува збор за лица познати како перјаници на СДСМ и тие тоа одамна го заговаар во своите редови, и сметам дека тоа беше отворено од страна на претседателот на социјалдемократите, бидејќи нема што да им понуди на граѓаните, а мислам дека секој еден граѓанин е свесен како ќе завршат овие избори и кој ќе победи и поради тоа Заев игра на картата на рагороување на етнилките страсти. Со неговите изјави тој ги поттикна сите албански партии да се радикализираат, пред се ДУИ, БЕСА и другите партии од албанскиот блок. Според мене тоа нема да му донесе голем број на гласови, меѓутоа најверојатно целта е да ги разгори меѓуетничките поделби и да продолжи дестабилизацијата на државата поради лошите изборни резултати кои го очекуваат на 11-ти декември, посочува университетскиот порфесор и аналитичар Александар Даштевски во изјава за Нетпрес.

Според него лидерот на СДСМ, јасно од Швајцарија порачал дека ќе бара прошрување на Рамките на Охридкиот договор. Даштевски смета дека токму излегувањето од рамките на договорот лесно може да доведе до кантонизација и федерализација на земјата.

Тој веќе го најави тоа и неможе сега да вели „каква федерализација, какви бакрачи“, во Швајцарија тој јасно истакна дека Рамковниот договор не треба да има рамки, дека ќе оди надвор од рамките, дека ќе го проширува и надградува во насока на тоа дека планира да го направи албанскиот втор службен јазик во Македонија, но во цела Европа нема таков пример. Заев го зема поранешниот истрошен политичар најверојатно платен од албанското лоби Андреас Грос и тоа е срам за една држава да дозволи таков човек да се меша во внатрешните работи на државатаи да предлага двојазичност по теркот на Швајцарија, тоа е кантонизација која сама по себе значи дека секој кантон има право и на отцепување и тоа е таа федерализација после киантонизацијата, затоа и се менува Уставот за да им се дадат поголеми права на кантоните за да добијат право да побараат отцепување, но ваквиот модел не може да важи за Македонија, бидејќи Швајцарија е направена од три територии кои се договориле да ги направат тие кантони за да нема конфликти на таа држава која се состои од германска, француска и италијанска територија, смета универзитетскиот професор.

Според него, албанската заедница во Македонија ги ужива сите права, па дури и многу повеќе од тоа што предвидуваат меѓународните стандарди и кои се имплементирани во Охридксиот рамковен договор, во Уставот и во законите на РМ. Нивните права, како што посочува Даштевски, с е имплементирани во деловникот на Собранието како највисок подазконски акт и таму се зборува на албански јазик, во деловникот на Владата како извршен орган, во судството, образованието.

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, тоа што најавите на опозицискиот лидер дадени пред дијаспората во Швајцарија се дел од нивната програма, која предвидува воведување на политипни општини, мултикултурен модел на образование или децентрализација на социјалната заштита, според нив, се потврда дека Заев дека сака да го менува Уставот и да ја федерализира на државата.

Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата. Оваа потврда може да се прочита и во памфлетот на СДСМ наречен програма. СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа. Сите суштински елементи на Македонија каква што денес ја имаме, изјави на прес-конференција Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што рече тој, предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт, или со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково или Арачиново.

СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа или како што самите наведуваат на страна 164, цитираме: „Ќе воведеме политички општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни“. Ова е веројатно територијалната реорганизација по урнек на Швајцарското кантонално уредување што го ветуваше Заев, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму дополнуваат и дека СДСМ во предизборната програма задира и во сегашниот модел на образование, нудејќи нов мултикултурен концепт и дека на страна 188 од програмата на СДСМ се промовираа тоа што Заев го кажуваше во врска со воведување на двојазичноста уште од детските градинки, каде стои: „Ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот. Ќе бидат искористени практиките од успешните проекти за овој степен на образование. Ќе бидат стимулирани проекти за мултикултурно дружење и меѓујазична комуникација и во повисоките степени на образованието“.

Дека лидерот на партијата Зоран Заев во својата програма предвидува рефединирање на државата, потврди и кандидатската за пратеничка од СДСМ во шестата изборна единица, Ѓулумсер Касапи за време на гостувањето на телевизијата „Алсат“. Предизборната програма на СДСМ, рече Касапи, озовможува да се решаваат многу значајни прашања за Албанците вклучително и прашањето на јазикот.

Платформата која и јас ја поддржувам, како и принципите кои се поставени силно во предизборната платформа ме убедуваат дека СДСМ предводен од господинот Зоран Заев ќе ја реализира и ќе ја отстани од дневен ред употребата на албанскиот јазик во Македонија. За тоа сигурно ќе се подготвува и специјална програма која секако ќе биде усвоена во највисоките државни инстанции. Сум ја прочитала и сум ја студирала многу добро програмата на СДСМ и дефинитивно верувам дека многу проблеми ќе се решаваат и меѓу и проблемот со албанскиот јазик, истакна Касапи, која на кандидатската пратеничка листа на СДСМ во ИЕ 6 се наоѓа на второто место, веднаш зад носителот Петре Шилегов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.