Заев крие и од најблиските што испорачал до ДУИ, интелектуалците го критикуваат

-Ние воопшто не знаеме што е содржано во она што СДСМ односно дел од СДСМ, неверувам дека зад тоа стојат сите членови на оваа партија. Ние не знаеме што е воопшто испорачано за да можеме содржински да разговараме за тоа. Значи ние разговараме формално што е пак добро бидејќи многумина сметаат и јас се приклучувам кон тоа мислење, демократијата е во формата или процедурата. Ако формата и процедурата не се задржат тогаш немате демократија. Но во овој случај елементарното нешто е дас е информираат граѓаните или барем сопственото членство што СДСМ нуди на ДУИ е напуштено, вели Цуцуловски.

Тој додава дека не се почитува елементарното право, правото на информираност за вакви витални прашања, па макар било и одбивање на барањата кои произлегуваат од платформата на албанските партии.

-Кој за што јас повторно за правната држава и за почитувањето на Уставот. Ова што беше испорачано сеедно што е испорачано, нека биде крајна негација на она што е содржано во платформата на албанските партии е надвор од Уставот бидејќи по не знам кој пат се повторувам, тоа е неуставно, значи уставот не предвидува втора можност за мандат. Според тоа, ова е надвор од Уставот и законите. Е сега на тој начин уште еднаш се прави преседан да се крши Уставот и да се кршат законите. Ако тоа систематски се случува, тие преседани, тогаш добиваме преседан држава, и Македонија се повеќе и повеќе станува преседан држава, вели Цуцуловски.

Професорот додава дека бил шокиран од изјавата на СДСМ преку нивниот портпарол Петре Шилегов кој рече дека предложиле на ДУИ многу добар предлог.

-Прво зошто бев шокиран од таа изјава. Па партиите не постојат едната на другата да си предлагаат, да даваат предлози, многу добри предлози. Тие се тука избирани од граѓаните на граѓаните да им даваат предлози, па да речат ние предлагаме во наредните години во Македонија да се направи тоа и тоа, да се прекине со тоа и тоа, а не партиите едни со други да си даваат предлози. Коалицијата добро, може да се сфати како еден вид предлог, но битно е што се забораваат граѓаните, без разлика на нивната етничка припадност. Значи не велат ние на граѓаните им предлагаме преку ДУИ тоа и тоа, туку ние на ДУИ и предлагаме многу добар предлог. Абре луѓе, јас сум гласал за вас, мене да ми предложите односно да ми понудите добар предлог, а не обратното, не постоиме ние тука за нив да ги гласаме а потоа партиите меѓусебно да си пружаат добри предлози, вели Цуцуловски.