ВИДЕО: Заев лажеше за „Глобал“ дека е чист како солза, а го легализираше како дивоградба

Решението за легализација на трговскиот центар „Глобал“, потпишано во јануари годинава од струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев потврдува дека објектот бил изграден преку приватно партнерство со општината, нелегално и како дивоградба, пишува порталот „Курир“.

Објектот е нелегално изграден на државно земјиште и на дел од парцели кои биле предмет на денационализација. Денеска „Глобал“ е легализиран од страна на бизнис партнерите на Заев, Бранко Стамболиски и Горан Крстев, со параф на решението  ставен од Заев, користејќи ја можноста што ја нуди  Законот за легализација, првично  наменет за најсиромашните да можат да ги легализираат своите домови. Оваа легализација на Стамболиски и на Крстев им донесе милиони и корисна површина од над 20 илјади метри квадратни во центарот на Струмица.

zaev-potpis

Она што е нечесно, пишува „Курир“, е што од почетокот на аферата, Заев тврдеше дека „Глобал“ е целосно легален и постапката и изградбата на „Глобал“ била чиста како солза. Иако свесен дека „Глобал“ е дивоградба, Заев бескруполозно ја залажуваше јавноста.

„Се потврдува законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на „Глобал“. Повторувам, покажавме законитост и комплетност на постапката. Изградбата на „Глобал“ е чиста како солза, тврдеше Заев во 2011 година, три години откако тој и негови соработници беа амнестирани од одговорност токму за овој случај од Бранко Црвенковски, осомничени за криминал од над 8 милиони евра.