Македонија

Заев манипулира со случајот Мартин Нешковски

Заев манипулира со случајот Мартин Нешковски

Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев продолжи со објавување на монтирани телефонски разговори, а овој пат се обиде да ја манипулира јавноста пласирајќи наводни телефонски разговори кои треба да прикажат криминал и прикривање на причините за смртта на младиот Мартин Нешковски.

Иако Заев во изминатите месеци во неколку наврати повтори дека ќе објави снимки кои ќе прикажат криминал и прикривање за овој случај, повторно јавноста не го доби очекуваното.

Наместо докази за криминал, овој пат Заев објави неколку сета наводни телефонски разговори во кои може да се следи како течела истрагата за случајот Мартин Нешковски, како и договорот помеѓу претставници на власта за тоа на кој начин треба МВР да настапи како институција.

Дополнително паѓаат во вода обвинувањата на Заев, ако се има во предвид дека убиецот на Нешковски, поранешниот припадник на специјалната единица „Тигар“,  Игор Спасов веќе три години ја отслужува затворската казна.

Тој во јануари 2012-тата година беше осуден на казна затвор од 14 години за убиство со умисла.