Македонија

Заев: Треба да се направи исчекор во решавањето на спорот со името

Заев: Треба да се направи исчекор во решавањето на спорот со името
(Фото: МИА)
Дали подготвеноста за промена на имиња, значи и влегување во конечно решавање на проблемот со името односно промена на името на Република Македонија, премиерот посочи оти нема никакви новини, но очекува во ваква атмосфера на силни пријателски односи со Грција да се раздвижат работите.

Заев посочи дека тој како премиер стои на располагање за преговори околу ова прашање, подготвен е и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, а разговарале и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

„Со Република Грција имаме поголеми шанси од порано да изнајдеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, макар на преговарачите со Нимиц. Стојам на располагање и за премиерско ниво, министерот за надворешни работи е подготвен, веќе разговаравме со претседателот на државата. Во поглед на ова прашање Македонија мора да биде подготвена за исчекор конечно за решавање на ова прашање“, рече Заев.

Изрази надеж и дека опозицијата ќе биде вклучена максимално во овој процес, не за да прави блокади туку за заедно да изнајдат решение.