Заев му се извинил на Вучиќ за „неумесните“ изјави

Мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев изјавил синоќа во Брисел дека му се извинил на српскиот премиер Александар Вучиќ, кого неодама го нарече „националистички водач кој се делкарира како лидер во регионот“, пренесуваат во четвртокот агенците.

„Јас изразив жалење заради коешто некогаш политичарите во кампања, пред кампања знаеме, многу често тоа е невнимание. Но секако тоа е потврда на потребата од заедничка соработка помеѓу нашите две земји. Ние се ракувавме и верувам овој состанок којшто беше денеска покрај зацврстување на европските перспективи на целиот регион и нашите земји ќе значи и унапредување на соработката на нашите земји, така и на соработката помеѓу Македонија и Србија“, изјавил Заев одговарајќи на новинарско прашање дали му се извинил на српскиот премиер и избран претседател Вучиќ, откако овој во изјава за српските медиуми рече дека лидерот на СДСМ му се обратил во врска со споменатите изјави кои предизвикаа жестоки реакции од Белград.

Агенцијата МИА пренесе оти Вучиќ изјавил оти „Заев бил коректен“, дека Србија сака да има добри односи со македонија. „И ќе ги имаме“, порачал Вучиќ.

Прашан од српските новинари како го толкува наводното присуството на вработен од српската амбасада за време на настани во Сорбанието, Вучиќ рекол дека не слушнал дека направил какво и да е кривично дело, ниту, пак, дека учествувал во организирањето на насилството, додавајќи дека и на протестите против него имало лица од Македонија, тврдејќи дека негово било само да известува.

На истото прашање Заев одговорил дека не разговаравле.

„Разговаравме секако за соработка, верувам дека заедничките служби меѓу Македонија и Србија ќе го решат тоа прашање. Јас сум среќен што денеска можевме сите меѓусебно да поразговараме и сите стоиме на линијата на потребата на нашите граѓани и нашите земји за унапредување на соработката. Констатиравме, овде во присуство на Могерини дека и Европската унија ќе нé почитува повеќе доколку ние соработуваме меѓусебно“.

Новинарите го искористија присуството на Заев во Брисел, иако во својоство на само на мандатар, да го запрашаат дали постои можност Македонија да отпочне да ги отвара поглавјата 23 и 24, на што одговорио дека се прават напори високите претставници од ЕУ.

„Секако тоа го најавува многу често и комесарот Хан, да отвори еден аспект, макар технички назначен како помош во реформите коишто се потребни во земјите, така и во Македонија. Поглавјата 23 и 24 ќе бидат од огромна помош за реформите во правосудството и безбедноста во Р.Македонија, а тоа знаеме дека за нас значи сериозни реализации на забелешките и сугестиите од Извештајот на Европската Унија и Извештајот на Прибе. Јас посакувам 2018 година да се даде датум за преговори, официјално да ги отвориме, но час поскоро дали официјално или неофицијално отворање на поглавјата 23 и 24 ќе значат огромна помош за Р.Македонија“, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.