ТОП,Македонија

Заев му стисна рака на убиецот на Мартин Нешковски

Заев му стисна рака на убиецот на Мартин Нешковски

Откако медиумите ја објавија веста за пријателскиот однос на Заев и убиецот на Мартин Нешковски и нивните насмеани лица во затворот Идризово, ПР службата на владата ја отстрани фотографијата од официјалниот Фејсбук профил на Владата на Република Македонија. Покрај амнестија за силувачи, убијци и крадци, Заев му се насмевна и му стисна рака и на убиецот на Нешковски, пишува „Курир“.

Премиерот Зоран Заев на вчерашната посета во КПД Идризово, каде што вети амнестија за осудени криминалци, кои според многу експерти значи спремање на црни сценарија во пресрет на изборите, на кои според анкетите сигурен победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов. На фотографијата која е објавена на Фејсбук профилот на Владата на Република Македонија, се гледа Заев како насмеан се поздравува со Спасов.

По лавината критики упатени до „советниците“ на Заев, оваа фотографија која е доставена од Владата до медиумите, подоцна е повлечена од официјалната страница на Владата.

За средбата на Заев со Игор Спасов реагираше новинарот и уредник Бранко Геровски, кој преку својот фејсбук профил побара оставки и откази за луѓето на Заев, посочувајќи ги како единствените „виновници“ за „неочекуваното“ ракување.

-ОСТАВКИ И ОТКАЗИ, ВЕДНАШ! Ако е точно дека човекот со кој се ракува Заев во “Идризово” е убиецот на Мартин Нешковски, тогаш некој опасно го наместил премиерот. Очекувам итна одговорност! Луѓето кои ги организирале настанот и неговата јавна промоција, треба уште утре изутрина да си поднесат оставки или да добијат откази. И да потсетам – еднаш напишав дека некои луѓе се премлади и недоволно искусни да бидат “советници”. Со дечурлаана држава не се води. А повеќето од вас тогаш очи ќе ми ископавте… Е па еве, тражили сте, гледајте!, напиша Героски.

Заев во изјава за медиумите рече дека Владата подготвува Закон за амнестија на затвореници.

-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави премиерот Заев при вчерашната посета на затворот во Идризово.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.