Заев на Централниот одбор тврдел дека не се договорени сите детали од Законот за јазици, Османи демантира

Заев на седницата на Централниот одбор посочил дека не се договорени сите детали и Законот не е номотехнички усогласен, наспроти тврдењето на гласноговорникот на ДУИ Бујар Османи кој претходно нагласи дека Законот е е целосно усогласен и усвоен од страна на Централното претседателство на ДУИ.

Ваквото извесно ретерирање на Заев доаѓа поради се’ поголемото растечко незадоволство од постигнатиот договор, со кој се официјализира албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, и се руши унитарниот карактер на државата.

Заев намерно и свесно лажел пред присутните, со намера што е можно побрзо да го помине постигнатото решение.

Заев меѓудругото истакнал дека се договорени две фази и дека најверојатно ќе се одложат локалните избори, исплашен поради се’ поголемото незадоволство од народот поради постигнатите решенија.