Заев на ФБ: Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители

По вчерашниот објавен статус во кој потенцира дека „Со влегувањето на Република Македонија во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард. Со влегувањето во ЕУ се приклучуваме на пазарот од 500 милиони потрошувачи. Ќе имаме зголемен извоз и економски раст“, објави и свој став поврзан со македонскиот јазик.

Со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители – вели Заев на ФБ.