Македонија

Заев на интервјуа со три национални телевизии за три дена

Заев на интервјуа со три национални телевизии за три дена

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев гостува на три национални телевизии за само три дена. Со ова паѓаат во вода обвинувањата за медиумски мрак и недоволна застапеност на опозицијата во медиумите.

Пред два дена Заев гостуваше во емисијата „Топ тема“ на Телма, вчера во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, а вечерва во 21 часот ќе гостува во 24 Анализа на „24 Вести“, уште една национална телевизија.

Со ова, секој граѓанин, но и меѓународните претставници, можат  најдобро да се уверат што подразбира лидерот на СДСМ, Зоран Заев кога говори за медиумски мрак и диктатура. Главните тези на Заев најверојатно и вечерва ќе бидат “режим“ “диктатура“, “немање слобода“ и “недемократија“ и покрај тоа што за три дена има интервјуа на три национални телевизи.

Не само Заев, туку и останатите опозициски експоненти постојано говорат за немање слобода и немање демократија, но народот лесно ги чита ваквите евтини манипулаци кои едноставно ја навредуваат неговата интелигенција.