Заев: На Македонија и се неопходни демократски промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес ги посети и разговараше со производителите на земјоделските производи, трговците и купувачите на Кванташкиот пазар во Скопје.

„Јас многу добро ги знам и ги разбирам вашите маки.  Институциите се нефункционални, на Македонија и се потребни промени, особено во земјоделието.Аблицијата целосно ќе мора да се повлече, законите да важат за сите подеднакво. Државата мора да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните“ рече претседателот Заев.

Заев порача дека демократските промени во Македонија ќе се случат на регулрани избори а по промените доаѓа подобра и сигурна иднина за сите граѓани.