Заев на распит за поткуп од 200.000 евра

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра.

Според полицијата градоначалникот на Струмица ја побарал оваа сума на пари од струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште.

Се очекува во текот на денот на Заев да му бидат презентирани сите докази од истрагата за случајот со поткупот.