Заев на распит за случајот „Пуч“

Зоран Заев е четвртоосомничениот во случајот „Пуч“ кој во  понеделник го очекува распит во јавното обвинителство .

Покрај претседателот на СДСМ, осомничени се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга како и еден вработен во Општина Струмица.

Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.

На последниот распит на Заев, му биле предочени доказите за кои тој се бранеше со молчење.

Претходно пак, падна и првата пресуда во која поранешен вработен во МВР го призна делото за што доби 3-годишна затворска казна.