Заев на средба со Иванов со 67 потписи од пратеници

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска во 14 часот ги достави потписите до претседателот Ѓорге Иванов, како гаранција дека има парламентарно мнозиснтво за формирање влада.

Пред средбата со Иванов тој рече дека во Македонија следува мирен и брз трансфер на власта.

„Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи од пратеници во Собранието, коишто гарантираат можност за формирање нова влада. Очекувам Иванов да го даде мандатот што е можно побрзи за да можат да почнат преговорите за формирање нова влада, изјави Заев.

Од Кабинетот на Иванов за медиумите соопштија дека Претседателот одлуката за доделување на мандатот ќе ја соопшти деновиве.