Заев на средба со раководството на ИВЗ

Премиерот Зоран Заев и раководството на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, предводено од Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, денеска на средба во Владата разговарале тековни прашања од интерес на ИВЗ, како и проблемите во функционирањето на муфтиствата, соопшти владината прес-служба.

Од Владата наведуваат дека се разгледани можностите и перспективите за динамизирање на соработката во следниот период во насока на изнаоѓање соодветни решенија за преостанатите прашања со денационализацијата на верските имоти на ИВЗ.

– За оваа верска заедница тема од интерес беа верските образовни институции, со посебен акцент на проблематичниот статус на училиштата кои пропагираат и учат исламски верски фанатизам и радикализам, се вели во соопштението.

Премиерот Заев ги афирмирал ставовите на Владата за почитувањето на верските потреби и слободи на граѓаните и за подобрување на комуникацијата со верските заедници за заедничко решавање на проблемите и зацврстување на меѓусебната доверба како клучен фактор во градењето заедничко општество.