четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 47

Заев на терен испраќа провокатори и подгрева конфликти, а пред камера глуми загриженост

Заев на терен испраќа провокатори и подгрева конфликти, а пред камера глуми загриженост. Локалното население погодено од трагедијата денеска покажа дека валканите политички игри на СДСМ не им се потребни и дека Зоран Заев треба да си ги задржи за себе.

Zaev-520x320

Поврзани вести

Заев на терен испраќа провокатори и подгрева конфликти, а пред камера глуми загриженост. Локалното население погодено од трагедијата денеска покажа дека валканите политички игри на СДСМ не им се потребни и дека Зоран Заев треба да си ги задржи за себе.

Тие попладнево на провокаторите испратени од СДСМ им демонстрираа дека не им е местото таму, односно дека е крајно нечовечен обидот на Заев политички да поентира на сметка на нивната трагедија.

levica-1

Додека месното население во Ченто се справува со последиците од невиденото невреме, партиските јуришници на Заев се обидуваат пред камерите да испровоцираат инциденти со разни дофрлувања и навреди. Лицето дојдено од сосем друг крај на земјава наместо да се обиде да им помагне на мештаните во континуитет провоцираше и навредуваше додека претставници на државните институции утврдуваа каде и како најприоритетно треба да се помогне.

levica-2

Дрскоста на извршителите на наредбите на Заев беше толкава што, локалното население мораше и јавно да се конфронтира и да ги избрка провокаторите на Заев…
Дека станува збор за организирана провокација од страна на Зоран Заев и СДСМ јасно говори фактот дека станува збор за Гоце Маркоски, човек присутен на сите протести на таканаречената платеничка револуција организирана од СДСМ/Сорос, член на Левица.

levica-3

Сите медиуми  под контрола на СДСМ/Сорос оркестрирано почнаа да шират невистини дека станува збор за лице од обезбедувањето на Претседателот на ВМРО Никола Груевски кое наводно нападнало некој од локалното население. истовремено целосно ја прикриваат вистината дека станува збор за провокатиор на СДСМ/Сорос од Прилеп испратен да предизвикува проблеми, додека лицето кое му се спротистави е дел од локалната самоуправа кое секојдневно помага во справувањето со катастрофите.

Најчитани вести