Заев најави многу скора реконструкција на Владата

Иако првично реконстукцијата на Владата премиерот Зоран Заев ја најави за веднаш по Велигнденските празници, кон средината на април, во прв ред поради големиот број партии кои треба да бидат вклучени за да обезбеди пошироко парламентарно мнозинство и согласно на тоа задоволувањето на колициските партнери, како што најави во понеделниот Заев рекомпонирањето по ресори влегло во послендата фаза.

Премиерот Зоран Заев ги интензивирал разговорите за проширување на парламентарното мнозинство. Заев потврди дека вчера имал средби со двете крила на Движењето БЕСА и со ДПА, но во понеденикиор не даде поединости дали со некоја партија ги приближил ставовите. Заев рече дека не очекува сиве овие партии да станат дел од мнозинството.

Заев потврди дека има постојано средби со политичките опозициски партии, каква што била одржана во неделата, кога се сретнал и со лидерите на двете БЕСИ Гаши и Касами но и со Мендух Тачи на ДПА.

„Се гледам со сите партии. Тие го чувствуваат моментумот за носење на крупни и историски одлуки за Македонија будејќи може да добиеме автоматска покана за членство во НАТО, а очекуваме и да добиеме и датум за почеток на преговорите. Јас сакам со оваа тема да привршуваме. Ако успееме да ги номинираме предлозите за самите ресори ќе биде добро. На нив ќе им треба неколку дена да донесат свои одлуки. Немаме опструкции од никој од коалициските партнери. Тие позитивно гледаат бидејќи станува збор за зацврстување на парлментарното мнозинство“, рече Заев.

Негираше притоа дека има опструкции од коалиционите партнери за поделба на ресорите со новите можни партнери.

Меѓутоа, телевизијата Алсат-М пренесе дека според неофицијални извори, се дознава дека Заев ги приближил ставовите со Африм Гаши и со Мендух Тачи, оставајќи го настрана Билал Касами. Но, од партијата на Касами велат дека разговорите продолжуваат и сѐ уште не ја исклучуваат можноста за соработка со оваа Влада. Со оваа математика, парламентарното мнозинство ќе се зголеми за седум пратеници.

Идејата за проширување на парламентарното мнозинство беше најавена уште веднаш по локалните избори, кога Алијанса за Албанците поради принципиелни прашања ја напушти Владата.

Според владини извори, пак, веќе е започнато прекројувањето на министерските, заменичките министерски и местата на државните секретари и директори во јавните агенции и претпријатија. Според истите извори, се ослободуваат позиции за кадри на новите коалициони партнери во власта, со кои изминатата ноќ завршило усогласувањето на програмските определби.

Премиерот тврди дека нема опструкции од коалиционите партнери за влез на овие партии во власта. Вели дека, генерално, сите се позитивни за зголемување на парламентарното мнозинство.

Во БЕСА на Билал Касами претходните денови изјавуваа дека ги чекаат предлозите на премиерот, по што за нив ќе треба да се изјаснат и партиските органи и ним не им пречат преговорите на Заев со крилото на Гаши, со кого водат судски спор за правото на името, логото и печатите на партијата.

Меѓутоа, во понеделникот од БЕСА не коментираа. Пред извесно време Гаши изјави дека Заев ќе мора да избере меѓу него и Касами, затоа што не сака внатрешните проблеми да ги донесат и во Владата. Мендух Тачи, досега ниту еднаш не се произнесе во јавност околу понудата и тој да влезе во власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.