Заев најави реконструкција во Владата по празниците

Овој викенд завршуваат преговорите за новиот состав на Владата, а по празникот ќе се знаат точните министерски и директорски места, изјави во средата премиерот Зоран Заев откако првични раконструкцијата на својот министерски кабинет ја најави во половината на април.

„Течат разговорите и преговорите и се надевам дека овој викенд ќе ги завршиме. По празникот ќе ги презентирам новите министри, а пота ќе бидат извршени и смените на директорските места“, рече Заев на денешната прес конференција на која беше претставен планот за вработување.

Заев по најавата за проширување на владејачкото мнозинство, за влез во Владата преговараат двете крила на Движењето БЕСА и ДПА на Мендух Тачи. Од БЕСА, и крилот на Билал Касами и крилото на Африм Гаши веќе изјавија дека ќе бидат новите владини партнери на СДСМ. Досега само Тачи не се изјасни.

Отстапувањето од првичниот термин кој го најави Заев, според партиски извори се должи на калкулациите на ДУИ во врска со ресорите и директорскиет позиции кои би им ги отстапи на другте партии од албанскиот кампус.