Заев: Направивме голем чекор, САД и ЕУ не’ поддржуваат

Направиувме голем чекор, избравме нов спикер и процесите ќе продолжат до формирање на влада која сите ја очекуваат. Упатувам честитика до спикерот Талат Џафери и порачувам дека одлучно стоиме зад вракањето во земјава,  изјави денеска на прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочи дек насилието било  поттикнато од Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и Ѓорги Иванов и нивни соработници. Според него вчерашниот ден бил тест за граѓаните и за Македонија,

Да останеме мирни и присебни. Вработените во институциите да постапат според законите на земјава. САД, ЕУ и меѓународната заедница гледаат дека ние сме „моторот“ на враќањето на демократијата во земјава. Ова вчера беше обид за убиство со цел и со план, координирано со структури од полицијата, рече Заев.