Заев не ги почитува одлуките на Министерството за транспорт и врски

Во Струмица Зоран Заев дозволил да се изгради бензиска пумпа, иако одлуката за нејзино градење била прогласена за ништовна од страна на министерството за транспорт и врски.

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот Васил Пишев говореше за урбанистичките состојби во општина Струмица и потенцираше дека локалната самоуправа на чело на Зоран Заев не ги почитува законите и одлуките на повисоките државни органи.Во Струмица Зоран Заев дозволил да се изгради бензиска пумпа, иако одлуката за нејзино градење била прогласена за ништовна од страна на министерството за транспорт и врски.

„Во Струмица од неодамна се отвори една бензиса пумпа, без одобрение, без ГУП и ДУП. Господинот Заев дава одобрение за градба, на 24.август 2013 година, за 4 дена станува правосилна. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески го поништува ова одобрение за градба за ништовно. Денес сеуште работи бензиската пумпа во Струмица. Знаеме дека Струмица се претвори во кнежество на Заеви и си прават што сакаат“, рече Пишев.

Пишев истакна дека не е запазен рокот за ова решение да стане правосилно и поради тоа бил поништен од Министерството.

Дополнително, пратеникот Пишев ја потсети јавноста на скандалозната градба на трговскиот центар Глобал, за која кривични пријави добија Зоран Заев и уште 5 негови соработници, за што потоа беше амнестиран од Црвенковски. Тој му се обрати и на својот колега Панче Орцев кој е поранешен директор на ЈПКД Комуналец и побара од него како е возможно во Струмица да се гради со јавно приватно партнерство трговски центар, а притоа на приватниот инцеститор Де Лукс инжинеринг му бил доделен 35.000 м2, а на општинското претпријатие му преостанале 10.000 м2.

Тој потенцираше дека не се работи само за несразмерен однос на квадратурата, туку и земјиштето на кое бил подигнат трговскиот центар билоспорно земјиште кое требало да биде вратено со денационализација.