Македонија

Заев не знае да брои или лаже?

Заев не знае да брои или лаже?

Јасно е и логично- невозможно е Зоран Заев сам да ги преслушал сите снимки кои тврди дека ги поседува, објавува Курир.

Опозицискиот лидер влеа страв кај македонските граѓани кога обелодени дека има материјали од прислушувани разговори на 26.000 луѓе. Упорно во јавноста вели дека сам ги преслушал сите материјали кои тврди дека и го поседува и со кои се заканува.

Неговото тврдење наспроти проста математика. За јавноста и експертите стана лага на годината.

Кој ќе му поверува дека 30 години слушал материјали?

Да земеме, најкраток можен телефонски разговор од 2 минути. Ако од Заев има 300 разговори кои траат по 2 минути, тогаш од неговите разговори има 10 часа материјал.

Ако е точно дека поседува материјал за 26.000 лица и со нивните разговори да го пресметаме минимумот.

За слушање на материјалите на едно лице, според минимум траење на разговорите, трошел по 10 часа.

26.000 лица по 10 часа е материјал од 260.000 часови. Тоа се неверојатни 29,6 години кои се потребни да се преслушаат сите материјали кои Заев тврди дека ги слушал сам.

Каква е оваа лага на Заев? Тој тврди дека сам преслушувал материјали, за кои е потребно нешто помалку од 30 години. И тоа- без да јаде, без да спие, без да излезе, без да пишува или куца, без да работи…само да слуша материјали!

Со ваквото однесување, лидерот на македонската опозиција ја потцени интелигенцијата на народот. Зарем навистина не размисли пред да каже дека сам преслушувал материјал за што е потребно скоро 30 години? И зарем навистина очекуваше македонските граѓани да му поверуваат?

Бројката е лага

Експертите кои се најмногу упатени во оваа тематика велат дека се сигурни дека Заев ја измислил бројката на разговори. Тие сметаат дека на Бихаќка поседуваат материјали од околу 100 лица- функционери, бизнисмени и лица главно поврзани со Владата, но и сопартијци на Заев од врвот на партијата и членови. Со овие материјали, Заев во иднина ќе може да ги уценува сите оние социјалдемократи кои со овие закани ги “држи на дланка“.

Ако Заев тврди дека преслушувал материјали за кои е потребно 30 години, за она што следно сака да го направи, ќе му требаат уште неколку долги години. Заев уште еднаш ја излажа јавноста, играјќи си со стравот кој им го вметна на граѓаните.

Лидерот на СДСМ им пренесе порака на сите оние прислушувани граѓани, дека материјалите од нив ќе им ги дистрибуира, а другите ќе ги уништи. Освен тоа што кажа пак лага, дури и ова е невозможно да се случи. Да дистрибуира тој материјалите на околу 20.000 лица, ќе му требаат неколку години. Ова е уште еден доказ дека Заев само сее страв, а не ја говори вистината.

-Еден од основните елементи е да создадете страв меѓу луѓето. Меѓу сите граѓани на еден простор. Да не знаат што, кога и каде може да им се случи. Во секој момент да бидат исплашени. Тој што му ги дал материјалите на Заев или му ги дава на лажиче, една од посентите му била и таа, рече Дарко Јаневски за РСМ.

И сопартијците на “нишан“

Тој им предочи и на своите сопартијци и коалициони партнери дека поседува материјали и за нив, со што директно ги држи под уцена. Тој им вели нив дека и тие биле “ставени на машина“.

-Некои лидери се менувале, па нов е ставен претседател на помалите политички партии, Бранко Црвенковски бил исто така долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина, јас го нареков тоа машина, претпоставувам тоа е некоја машина што го прави тоа. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за Влада 2011 година, месец дена претходно се правеа анкети, а Стево беше дел од тимот на Радмила Шеќеринска заедно со Зоран Јовановски во тоа време, а уште неколку членови на тогашното раководство на СДСМ. Но тука е Тито Петковски, Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски и така натаму, рече Заев во своето гостување во Алсат.

Експертите додаваат дека пораката со закана пред се е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери на Заев, кои на тој начин би станале обични марионети во рацете на струмичкиот градоначалник.

Според нив, Заев е во една еуфорија на заканување. Тоа само демонстрира голем страв и осаменост, велат експертите. Пренагласената храброст е класичен страв, односно ова што го прави Заев всушност не е храброст, туку класичен страв и демонстрација на немање капацитет