Заев: Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици

Со добра волја да се соочуваме со предизвиците што ни претстојат, порачува премиерот Зоран Заев по повод празникот Богојавление Водици, кој присуствува на чинот на спуштање на крстот и осветување на водите во реката Црн Дрим во Струга.

 

Премиерот Зоран Заев упати честитка до г.г. Стефан, архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и до сите православни верници во Република Македонија, по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Во честитката на премиерот Заев до православните верници се истакнува дека на овој празник потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан, и дека сè може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.

„Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува. Со овие пораки, и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје, и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки за празникот Богојавление – Водици на премиерот до православните верници.