Македонија

Заев нема каде да мрда – има само лажна бомба и легитимна уцена на премиер

Заев нема каде да мрда – има само лажна бомба и легитимна уцена на премиер

Најверојатно тимот на СДСМ е премногу слаб, или Заев не ги слуша, или го местат, смета Љубиша Николовски, кој во емисијата на Миленко Неделковски посочи дека моменталната ситуација што ја имаме е лажна бомба и легитимна уцена на премиер.

– Јас не верувам дека било кој друг така наивно би влетал во една ситуација во којашто се најде. Од шест месеци кога во јавноста говоревме дека ја наметна бомбата како силна политичка страна во која на некој начин ја притисна власта кога ќе објави, каква е таа бомба дали голема или мала, на крај да биде во дефанзива и да мора сега да се брани затоа што фактички ние што имаме сега-имаме само една лажна бомба – нелегална и имаме легитимна уцена на премиер. Значи тоа не може да го одбрани никој, нема бранење, посочи Николовски, пренсува Курир.

Сега лидерот на опозицијата нема каде да мрда, значи тој нема ни каде ни што да објави, рече тој, додавајќи дека Заев највројатно ќе ја изгуби легитимитетот во партијата.

Заев, како што нагласи Николовски, се појави со бомба, во момент кога СДСМ беше најпасивна на политичката сцена во Македонија. СДСМ смета тој одамна нема програма за работа и нема стратегија за настап.

– Тие дејствуваат од денес за утре дури поспоро од медиумите, дури од оние што ги поддржуваат, имаат бледи прес-конференции и тоа им е максималниот политички ангажман во државата. А како четврто немаат ние една албанска партија која им е политички партнер со којашто ќе прават власт и со којашто ќе дејствуваат, знаејќи дека Албанците се врзани со меѓународната заедница, истакна Николовски.

Од друга страна, смета тој, тие немаат релна поддршка од меѓународниот фактор.

– Имаат само некои мали средства од холандската амбасада што неколку новинарчиња ќе ги чепнат и ги стимулираат со некое весниче, тие немаат реална поддршка, а освен тоа немаат медиуми, односно немаат комуникација со ниеден здрав медиум, не формираат медиум, имаат само една група на новинари советници кои што ги доведоа до ова дереџе и веројатно кога ќе пропадне Заев и СДСМ тие ќе се отидат и ќе одат таму каде што ќе бидат парите. Тоа е опозицијата денес, рече Николовски.