Заев до неопределените: Пенкалото на вашиот живот е во ваши раце, гласајте!

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на митинг во скопската општина Кисела Вода. Пред присутните граѓани ги претстави темелите на Планот на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија.

Претседателот Заев посебно се обрати до оние кои на анкетите не се изјаснуваат за кого ќе гласаат. „Разбудено е Скопје, водиме со двоцифрена разлика. Повеќе од 32 проценти сеуште молчат, не се изјаснуваат. Знаете како, оваа Македонија не е само на нас. Македонија е на сите подеднакво. Ова е наша заедничка татковина, немаме друга. Сега, при очи ќе се правиме слепи, при уши глуви, при уста ќе молчиме?! Пенкалото на животот на вашите деца, пенкалото на вашиот живот е во ваши раце“, рече претседателот Заев.