Македонија

Заев обвинет за затајување на над 10 милиони денари данок, но струмичкото обвинителството се повлекло

Заев обвинет за затајување на над 10 милиони денари данок, но струмичкото обвинителството се повлекло

Струмичкиот јавен обвинител Виолета Милчовска го повлекла обвинението против Бобан Заев, против неговата фирма „Тргопродукт“, против Бранко Малинов, финансиски раководител во компанијата и против книговодителот Нада Трајкова, во кое тие се товарат за даночно затајување во висина од над 10 милиони денари.

Според обвинителниот акт, тие се товарат дека во 2006 година, спротивно на членовите 4, 8, 57 и 58 од Законот за данок на добивка, неосновано сторнирале приходи во износ од 6,387.200 милиони денари, при што не пресметале и одбегнале да платат данок на добивка во значителен износ од 958.030 денари.

„Во даночниот биланс за 2007 година дале неточни и лажни податоци за остварени приходи и расходи, спротивно на членовите 4, 8, 57 и 58 од Законот за данок на добивка поради што искажале помала основица за премсетување на данок на добивка и не пресметале и одбегнале да плата данок од добивка во значителен износ од 7,038.818 денари.

presuda3

Во период од 1 декември 2007 година, до 31 декември 2007 година, спротивно на членот 52 ст.1 од Законот за данок на додадена вредност, помалку пријавиле приход, а со тоа и данок на додадена вредност во значителен износ од 2,985.972 денари“, се вели понатака во обвинението.

presuda4

Интересно е тоа што обвинителот не дал образложение зошто го повлекува обвинителниот акт.

presuda5

Во пресудата е напишано дека „застапникот на обвинението, Јавен обвинител при ОЈО Струмица, Виолета Милчовска, во завршен збор во однос на обвинението ККО.бр579/08 од 18 мај 2011 година, се откажа во целост од обвинението и предложи судот во однос на ова обвинение да донесе одбивателна пресуда“.

presuda6

Во образложението на пресудата стои дека „согласно констатациите на УЈП за неплатени даноци по основ на данок на добивка и ДДВ, кои се во позамашни износи, и со оглед на повлекување на обвинението, поради тоа што таквиот данок обвинетите и не требале да го платат“.

presuda7

Инаку, Нетпрес дознава дека судијката Лорета Горгиева, која го водела процесот против Бобан Заев и неговата фирма „Тргопродукт“, е доскорешна сопруга на директорот на струмички „Комуналец“, јавно претпријатие кое беше вмешано во скандали со тендери на Општина Струмица.

presuda8

На крајот од пресудата е напиашно дека „трошоците по постапката паѓаат на товар на буџетските средства“.

presuda9