20.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Заев очекува исчекор од денешната средба за името во Виена

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц.

Како што рече премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на годишната програма за вработување, верува во двајцата министри за надворешни работи, а и тој самиот е оптимист.

Има напредок кој ни дава причина да направиме исчекор и на денешната средба во Виена. Европскиот однос, преку дијалог, да се изнаоѓаат решенија, ја испраќа пораката за добра идината, нагласи Заев.

Во Виена очекува можност за исчекор во процесот на преговорите за спорот за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција во владата на која се презентираа мерките од оперативниот план за вработување.

Додаде дека креативноста на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕиас има поддршка од него, од грчкиот премиер Алексис Ципрас како и работните тимови кои што стојат зад нив.

Во однос на изјавата на Хан дека решението за спорот за името ќе биде за две недели, Заев ја толкува како знак на пријателство бидејќи и Хан сака овој проблем да се реши час поскоро.

Решавањето на спорот со името е важно за регионот и Европа затоа што се испраќа добра порака за иднината бидејќи вака горливи прашања кои што траат повеќе од 20 години можат да бидат решени низ дијалог,  изјави Заев.

Во врска со собраниските случувања од 27-ми април лани кои за два дена ќе одбележат една година, Заев порача дека поуката која ја извлековме е да не се повтори никогаш повеќе.

Убеден сум дека ќе има правна разрешница. Дека инволвираните лица ќе одговараат и дека правниот систем нема да затаи, туку ќе донесе правични одлуки, потенцираше премиерот.