Македонија

Македонскиот премиер оптимист дека летово ќе има решение со Грција Заев очекува решение во спорот за името до јули

Заев очекува решение во спорот за името до јули

Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австрискoто јавно радио ORF

„Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули“, го цитира македонскиот премиер агенцијата Reuters.

Заев притоа истакнува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.

„Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен“, додаде Заев.

Следниот самит на НАТО е закажан за 11-ти и 12-ти јули во Брисел.