Заев од грешка во грешка – неговото политичко дејствување загуби секаква смисла

Опозицискиот лидер Зоран Заев секојдневно се закопува во тотално нереални позиции и барања, однесувајќи се крајно неконструктивно и деструктивно, поради што целото негово политичко делување веќе изгуби секаква смисла, пишува порталот „Курир“ повикувајќи се на коментири од експертската јавност.

„Курир“ нагласува дека првиот човек на македонската опозиција очигледно ја злоупотребува конструктивноста и отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ и дополнително ја усложнува ситуацијата за излез од политчката криза.

„ Со својата непостојаност и беспоговорно следење на наредбите на една група на лица кои се познати по антидржавно делување базирано на деструкција и лични комплекси – Љубомир Фрчкоски, Бранко Героски, Сашо Орданоски и првиот човек на соросовата фондција во земјава Владимир Милчин, Заев освен што дополнително се бламира себеси и партијата, со врзани очи си игра покер ставајќи ја во залог целата држава“ , пишува порталот и нагласува дека токму поради ова, експертите изминативе денови отворено го поставија прашњето кој е лидер на опозицијата, дали Зоран Заев или пак најтесната соросова клика предводена од Милчин, Фрчкоски и Героски.

„Курир“ се повикува на изјавата на новинарот Цветин Чилиманов во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3, кој рече дека откако беше потпишан договорoт во вторникот, стана јасно дека Фрчкоски е движечката сила во СДСМ, веднаш даде 10 интервјуа на нивните портали и го саботираше договорот.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, на трибината на ГДОМ во Струмица, изјави дека лидери на опозицијата се токму перјаниците на СОРОС , кои на сето ова освен комичен му даваат и драмски тек.

-Заев е во страшен хаос и превзема обврски со кои не може да се носи. Поради неговата некапацитетност и неинвентивност сега не е он лидер на опозицијата, лидери се перјаницата на СОРОС, Геровски, Ордановски, Фрчковски. Заев дополнително влезе во зделки со поранешни удбаши, со разни агентурни мрежи, но за сето тоа он има и кривични пријави, вели Пандов.

Познавачите коментираат дека токму од конфузноста на Заев и напорите слепо да ги следи насоките од малата група на нереализирани личности кои крајно неодговорно и штетно бандитски делуваат, притоа држејќи ја во заложништво целата држава и сите граѓани, лидерот на опозиционерите покажува и немање сопствена визија и храброст да донесе одлука за доброто на граѓаните и државата.

„Конструктивноста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ сите ја гледаат и на граѓаните им се јасни сите отстапки и чекори досега направени како конкретен придонес за излез од кризата. Тоа што секој ден под влијание на соросовите самопрогласени експерти околу него испорачува по некое ново барање и дополнително ги радикализира своите позиции мислејќи дека си ги подобрува преговарачките позиции, притоа не сфаќајќи дека таквите потези го носеа од грешка во грешка, опозицискиот лидер само покажува неспремност да се носи со предизвици и да делува со одговорност кон граѓаните“ , коментира „Курир“ и додава дека постојаните закани на Заев со тврди позиции од типот “влада без Груевски“ како и некои нови бомби кои ги најави вчера мислејќи дека во пресрет на средбата во Брисел тоа ќе му помогне во преговорите, секако и ова како совет на бандитската клика околу него, според експертите само ја покажуваат неговата човечка слабост и немањето капацитет да се носи со предизвиците.

Порталот потсетува дека граѓаните многу пати досега покажаа дека веќе им е преку глава од оваа политичка агонија која Заев се обидува да ја креира и оти не за џабе поддршката засилено му слабее и тоа особено во последниве 4 недели.

Според експертите, сите прогнози и испитувања покажуваат дека разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се повеќе се зголемуваат во полза на владејачката партија. Тие додаваат дека навистина никој воопшто не му се плаши од “бомбите“, посебно ако се земе предвид дека веќе 5 месеци “бомбардира“ за на крај со своите постапки јасно да покаже пред целата јавност дека опозицијата се плаши од избори и сочување со волјата на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.